Порно ѕвездата отворено за секс филмовите: „Снимив над 100, оваа е вистината за нив“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ветеранка од порно индустријата открива што навистина се случувало на сетовите од порно филмовите кои ги снимала таа и верувајте, воопшто не се секси сцени и муабети.

Порно актерката Медисон Мисина (35 години) има глумено во над 100 филмови за возрасни, а сега одлуччи да ја раскаже грдата вистина за тоа што се случува зад кулисите. Пред сè, за глумењето секс во порно филмови вели дека е најлошиот секс кој човек може да го доживее, со што ја разбива илузијата која ја имаат најголем број на фанови на овој вид на филмска индустрија.

„Сето тоа е прилично неуредно. И ужасно боли. Најлошиот секс кој можете да го замислите“, вели таа. „Акцијата се одвива клинички. И недостасува сето она кое добриот секс го прави токму таков – добар“.

Главните актерки во порнографските филмови изгледаат како да уживаат во сексот, но Медисон тврди дека сето тоа може да биде само непријатно искуство.

„Затоа што камерите се наместени на одредени места, немате секс под нормални агли“, додава таа.

„Партнерите за време на сексуалниот чин често удираат со својот полов орган во матката или јајниците и тоа многу боли. Понекогаш, за време на снимањето можат да пукнат цисти на јајниците“.

За болниот секс на сетовите оваа порно ветеранка ја обвинува животинската напаленост на своите помалку искусни колеги.

Освен кариерата на порно актерка, Медисон се занимава и со ескорт услуги, за кои вели дека се нешто сосема поразлично. Нејзините клиенти не сакаат толку секс како во порничите, туку имаат потреба да се чувствуваат важно и посебно. Дури не ни доаѓа до секс по секоја цена. Вели дека три од петнаесет средби завршуваат со секс.

Во својата 18 години долга кариера како ескорт дама, Медисон вели дека уште има огромна помош од фактот дека е лезбијка, поради што никогаш кон своите клиенти не почувствувала сексуална привлечност.