Славни

Порно актерката им ја расипа живеачката на Доналд и Меланија?


Според пишувањата на американските медиуми, откако низ јавноста се раширија гласините за наводната поранешна афера помеѓу актуелниот американски претседател Доналд Трамп и порно ѕвездата Сторми Даниелс (за која и двете страни јавно негираа), првата дама на САД, Меланија Трамп последните неколку недели преспива во хотел во Вашингтон.

Медиумите известуваа и дека адвокатот на Трамп непосредно пред претседателската кампања на актерката и исплатил 130.000 долари за да не зборува ништо за аферата, пишува британски Дејли Мејл, за потоа да биде објавено нејзиното интервју од 2011 година во кое Сторми зборува за сексуалниот однос со претседателот на САД во хотелска соба на казино близу езерото Тахо во Невада.

Меланија Трамп не реагираше на написите на медиумите дека спие во хотел, но се оглси нејзината портпаролка Стефани Гришам која на Твитер тоа го нарече „лажно известување“.

Од 12 јануари кога се појавија првите гласини за наводната афера, Меланија Трамп се до четвртокот оваа недела не даваше изјави за медиумите. Во јавноста се појави на 25 јануари за да им оддаде почест на жртвите од холокаустот.

Првата дама меѓутоа не отпатува со сопругот на Светскиот економски форум во Давос како што беше планирано, што за многу таблоиди беше потврда дека има брачни несогласувања.

Извори за британски таблоид наведуваат дека Меланија Трамп од почетокот на јануари, три до четири дена неделно поминува во хотел во Вашингтон, како и дека често патува за Њујорк.

Американскиот претседател Доналд Трамп негираше постоење на сексуални односи со порно актерката Сторми Данијелс, а тоа го потврди и самата актерка.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top