Вебкафе

Порнич кој ги згрози железничарите: Графитерка се сексаше на нивната железничка постојка


Властите велат дека се згрозени и згадени откако на интернет откриле аматерска порно сцена снимена на железничката постојка Норт Шор во Гилонг, Австралија.

10-12-zeleznicka-ponric3

Филмот насловен Trainline Tramp трае осум минути (за заинтересираните го има на PornHub), а главен лик во истиот е графитерката Стејтру од Мелбурн, позната по муралите  кои често ги создава облечена во кратки здолништа или по долна облека, пишува Geelong Advertiser. Клипот е објавен на интернет пред неколку месеци, а досега има над 20.000 прегледи.

10-12-zeleznicka-ponric1

Портпаролот на компанијата која управува со тој дел од железничката пруга, Роб Картејн, потврди дека знаат за постоењето на снимката, но одби да даде дополнителни коментари. Само нагласи дека нивните шефови се ужаснати од прикажаното однесување.

10-12-zeleznicka-ponric2

Полицијата и железничките шефови изјавија дека заедно работат на обидот да ја идентификуваат Стејтру и сите лица вклучено во снимањето на секс сцената, за да можат правно да ги гонат. Видеото е со експлицитна порнографска содржина која ги вклучува сите „стандардни“ порно сегменти.

Инаку, Стејтру (Staytrue) е култна уметница со голем број следбеници на Фејсбук, каде објавува фотографии на кои слика вагони во предизвикувачка облека, но лицето секога го има прекриено со марама, баш како и „уметницата“ која се појавува во секс видеото.

10-12-zeleznicka-ponric4

Графитите во Мелбурн се особено живи, а неколку улички веќе станаа туристички атракции токму поради делата на уличните уметници.


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top