Порака до европскот шампион: Немате поим што ве чека во Париз!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид во првиот дуел со 3:1 го победи Пари Сент Жермен и со два гола предност ќе патува во Париз на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Пред дуелите со Реал Мадрид и со Олимпик Марсеј, атмосферата додатно ја вжешти тренерот на „светците“, Унаи Емери.

„Во повеќето натпревари оваа сезона покажавме дека можеме да одговориме, особено на нашиот стадион, каде се чуствуваме посилни. Всушност, тоа го покажуваат 17-те победи на овој стадион. Марсеј и Реал знаат дека мораат да дојдат во Париз, но немаат поим што ги чека овде“, изјави Емери.

„Нашиот тим пука од самодоверба, а во овие два меча ќе бидеме уште посамоуверени. Ќе покажеме најмногу во најважните моменти. Важно е само да ги добиеме натпреварите. Ќе го браниме нашиот дом до крај и ќе направиме се за да ја испочитуваме историјата“, додаде шпанскиот стратег.