Поради сообраќајка, застој на клучката кај Хиподром


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На патниот правец Скопје-Велес, на клучката кај Хиподром, утринава има застој на сообраќајот поради сообраќајна незгода. Сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато, по една коловозна лента.

На самото место се екипи на сообраќајната полиција и на јавното претпријатие „Македонија пат“.

Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.