Поради сообраќајка, отежнат сообраќај на патот меѓу Росоман и Прилеп


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради сообраќајна незгода на тешко товарно возило во близина на Росоман кон Прилеп, сообраќајот се одвива отежнато, во колона.

Утрово, поради сообраќајна незгода на патниот правец Росоман за Прилеп, во која учествувало тешко товарно возило, сообраќајот се одвива отежнато и се создаваат големи колони, јавуваат од Автомото сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.