Поради снежните врнежи забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Стража и Маврово-Дебар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планински премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, како и на планинските премини Стража, Кула и Маврово. На Попова Шапка врнежите од снег се со среден интензитет. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и Дебар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.