Вебкафе

„Поради појавување во 114 објави“: Хотел бара од блогерка да им плати 5,3 милиони евра


Хотел во Даблин обвинет за „злоупотреба“ на YpuTube блогерката која барала слободен престој во него во замена за позитивни критики, пратил сметка до блогерката од речиси 5,3 милиони евра поради негативен публицитет.

22-годишната Еле Дарби од Сомерсет му пишала на Пол Стенсон, сопственик на White Moose Café и Charleville Lodge Hotel, со прашање дали се расположени за соработка.

A post shared by ELLE (@elledarby_) on

„Би сакала да ве вклопам во своите YouTube видеозаписи/посветени статии/објави на Инстаграм, со цел да донесам промет во вашиот хотел и да го препорачам на други, а за возврат барам бесплатно сместување“, напишала таа. Но, нејзината понуда Стенсон ја дочекал на нож. Не само што поднел жалба на барањето, туку сето тоа јавно го споделил.

Стенсон, кој во својот ресторан славно забрани вегани во 2015 година, не ја именувал Дарби во својата објава, но таа самата се пронашла откако ја воочила неговата објава на интернет и видео коментарите кои ги привлекла. Сопственикот на хотелот и кафулето сега до блогерката, која има 87.000 претплатници на YouTube и над 76.000 следбеници на Инстаграм, испратил сметка за публицитетот кој го добила таа после нивните вирални размени, пишува Daily Mail.

A post shared by ELLE (@elledarby_) on

„Треба да имаш мадиња за ова“

Во фактурата се наведува дека од неа се наплаќа „провизија за појавување во 114 статии во 20 земји со потенцијална публика од 450 милиони луѓе“, како и дека публицитетот кој го добила благодарение на Стенсон чини 4,3 милиони евра плус ДДВ. Во својата изворна објава на социјалните мрежи, Стенсон приложил и порака од е-мејлот на Дарби, која бара бесплатен престој, како и свој личен одговор на нејзината понуда, во кој ѝ вели дека ѝ недостига „самопочитување и достоинство“.

„Фала на електронската порака во која барате бесплатно сместување во замена за публицитет“, напишал Стенсон. „Потребно е да имате мадиња за праќање такви електронски пораки, ако не и многу самопочитување и достоинство. Ако ви дозволам да останете овде во замена за спомен во вашиот видеозапис, кој ќе го плати персоналот кој ќе се грижи за вас? Кој ќе ги плати собарките кои ќе ја чистат вашата соба и келнерите кои ќе ве послужуваат? Кој ќе ја плати струјата и водата кои ќе ги потрошите? Можеби на вработените треба да има кажам дека наместо плата, ќе добијат публицитет во вашето видео?“, беше конкретен менаџерот и сопственик на угостителските објекти.

Остра пресметка на интернет

Иако Стенсон не го наведе нејзиното име, Дарби му одговори така што објави видео снимка со неговите објави на својот YouTube канал, која ја наслови: „I was exposed (SO embarrassing)“. Изјави дека примила стотици заканувачки пораки поради тоа. „Се чувствувам одвратно што морам да го кажам ова, но како 22-годишна девојка која води сопствен бизнис од дома, не сметам дека сум направила нешто лошо“, објаснува таа.

Емотивната блогерка ги обвини интернет „троловите“ за злоупотреба. Истканува дека нејзиниот случај сега ги одвраќа младите генерации од занимавање со работата која ја сакаат, како и дека си ја исплакала душата седејќи сама во автомобил.

Хотелот, на својата Фејсбук страница, напиша дека сите блогери забранети во нивниот бизнис.

„Никогаш не сме помислиле дека би можеле да бидеме мета на негативни критики само затоа што бараме да си ги наплатиме своите услуги. Дотичната девојка ниту еднаш не сме ја именувале во своите објави, туку таа сама се пронајде и го сподели видеото во кое опишува како била медиумски изложена, бидејќи не добила бесплатен престој“, објаснува сопственикот.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top