Поради оваа перверзна фотка, црквата на Родос забрани венчавање на странци кај нив


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По неодамнешната венчална фотографија која го шокирала интернетот, а на која невестата наводно орално го задоволувала младоженецот, не се чекало долго на слична таква. Новопечениот брачен пар Карли и Метју Лун го кажале судбоносното “да” на грчкиот остров Родос и со својата свадбена фотографија предизвикале лавина реакции на интернет.

На фотографијата Метју стои со спуштени пантолони и гаќи, додека Карли клечи во венчаница и наводно орално го задоволува својот сопруг. Ги фотографирал член на семејството, а фотографијата набрзо завршила на Фејсбук.

И додека некои сметаат дека 34-годишната Карли и 27-годишниот Метју направиле одлична свадбена фотографија, свештеникот Кирилос од островот Родос забранил венчавки на странци во манастирот Свети Павле по овој инцидент, пишува The Sun.

„Ние сме Грци и негуваме традиција на нашите верски заедници. Не можеме да дозволиме вакво одвратно однесување на наша територија”, се огласиле од тој остров.

Поради овие фотографии во проблем се нашол Јоргос Елефтероу, претседател на островската заедница Линдос. Тој морал да откаже стотина венчавки, бидејќи жителите се згрозени од ваквото однесување на две возрасни лица.

Од Грција дури и сакаат брачниот пар Лун јавно да му се извини на населението на Родос и на грчката Црква. Но, тие во сето ова гледаат само добра забава.

Се огласи и контроверзниот брачен пар кој ја предизвика сета оваа фрка. Метју и Карли тврдат дека целата приказна претерано се напумпа, но жалаат за компромитирачката поза во која се фотографираа.

„Целата приказна е пренапомпана. Само се зезавме. Грците претерано реагираа на сето тоа. Не мислиме дека направивме нешто погрешно, но жал ми е што ги вознемиривме“, изјави Метју за The Sun.