Вебкафе

Поради оваа фотографија премиерот на Австралија стана мета на ремет и критики на интернет


Австралискиот премиер Малком Трнбул вчера објави фотографија на која во едната рака држи пиво, а во другата – внука му, и со тоа предизвика мешани чувства и реакции на Фејсбук.

„Срамота е да држиш дете и алкохол“, напиша една гледачка под објавата на фотографијата од трибините на фудбалски натпревар, која Трнбул ја нарече „Мултитаскинг на мечот”.

„Да ги учиш децата да пијат пиво на натпревар од најрана возраст. Страотен родител, нема збор“, гласи друг коментар.

Сепак, објавата досега има 16.000 лајкови и над 1.600 коментари, од кои многу се и позитивни.

„ас гледам дедо, кој минува пријатни моменти со своето внуче. Ете тоа е австралиско“, напиша друга следачка.

На крајот се јави и Трнбул.

„Мислам дека избрзуваме со заклучоците на социјалните мрежи, кога гледама вакви нешта. Ако еден човек се чувствува добро во својата кожа и се однесува примерно, нема потреба да прави нешто друго“, рече тој за радиото Трипл М.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top