Понеделник носи прогресивна облачност


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ова понеделничко утро го започнуваме со негативна температура која низ котлините има вредност воглавно помеѓу минус 6 и минус 10 Целзиусови степени, а и со ниска облачност низ пониските региони. Поведро е на повисоките места.

Денешната максимална температура ќе има вредности околу 2 до 3 степени во северниот и југозападниот регион, а во југоисточниот крај околу 4 степени.

Облачноста постепено ќе се зголемува во текот на денот, со прогресија од запад кон исток и истата ќе биде наговестување на промената на времето која нè очекува во вторник.

Промената во вторник се однесува на ново наоблачување и нови врнежи од снег. Сепак, циклонот кој што треба да ни ги обезбеди овие врнежи, ја промени патекета на движење со нешто појужен правец, така што очекувањата се главнината на врнежите да биде јужно од нашата земја.

Токму затоа, ние ќе добиеме сосема мал дел од овој влажен бран, односно слаб снег претежно во јужната половина од земјава.  Северните краишта од земјава ќе имаат услови за сосема слаби снежни врнежи.

Оваа состојба ќе се задржи се до среда, а потоа следуваат денови со суво време и без поголеми температурни промени.