Понеделник носи нов снег


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Утрото во понеделник носи нова промена на времето, односно ново наоблачување кое ќе биде позначајно во јужните делови од земјата.

Утринската температура ќе биде само 2 до 3 степени под 0 во јужниот регион, а заради помалата облачност во северната половина од земјата утрото ќе биде постудено во однос на јужните краишта, поточно околу минус 5 степени.

Максималната денеска ќе има вредности околу 1 степен во северниот и југозападниот крај, а на југоисток околу 4 Целзиусови.

Очекуваме повремени врнежи, претежно од слаб снег, со можност за локално повремено краткотрајно интензивирање на врнежите. Само на југоисток врнежите ќе бидат од дожд, односно дожд со снег.

Слично време ќе се задржи се до четврток, со повремено снег кој ќе се интензивира во вторрата половина на денот среда. Врнежите најинтензивни ќе бидат во јужната половина од земјата.

Скопскиот крај го очекува претежно облачно време со услови за повремен слаб снег, претежно попладне. Наутро очекуваме минимална околу минус 6 Целзиусови, а максималната температура нема да надмине 1 степен.