Актуелно

Понеделничка временска прогноза


Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -1 до 7 степени, а максималната од 15 до 22 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен веттер од северен правец. Температурата ќе биде од 3 до 19 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со студени утра, а преку денот ќе биде сончево и потопло. Утринските температури утре изутрина во некои од повисоките места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top