Помалку привлечните мажи се подобри сопружници

atraktivni-mazi

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Резултатите од новата студија која е спроведена од страна на Универзитет во Флорида и Тексас, покажаа дека жените кои се во врска со помалку атрактивни мажи, имаат поуспешни врски.

Во студијата биле испитани 113 хетеросексуални брачни парови, кои имале од 25 до 30 години. Испитаниците одговориле на бројни прашања, како за навиките во исхраната, така и за нивната физичка активност. Истражувачите исто така ги фотографирале брачните парови, и ги рангирале според физичкиот изглед.

Резултатите покажале дека мажите кои се оценети како помалку атрактивни, се труделе повеќе да му удоволат на своите жени. Исто така им помагале и во куќните работи, а се покажале подобри и во спалната соба.

Од друга страна пак, атрактивните мажи им обрнувале помалку внимание на своите жени, и трошеле повеќе време на својот физички изглед.