Полјаците се против еврото: Ќе си го задржеме злотот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Полска ќе го задржи злотот како своја валута, соопшти премиерката Беата Шидло, воочи клучниот самит на Европската унија, кој ќе се одржи овој викенд.

За Полска најдоброто решение е да го задржи злотот како валута, рекла Шидло и дополнила дека Варшава нема план за приклучување кон еврозоната.

На престојниот самит во Рим, европските лидери треба да разговараат за иднината на ЕУ по излегувањето на Велика Британија, а Германија и Франција порачуваат дека членките на еврозоната веројатно ќе продолжат со интеграцијата без другите држави.

Полска, која е најголемата економија во централна Европа е загрижена дека како една од деветте земји кои се надвор од еврозоната би можела да биде изоставена од понатамошната интеграција.