Полицијата трага по голите девојки: Снимале порно во центарот на Севилја (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанската полиција истражува неверојатен случај кој пред неколку дена се случи во Севилја, каде две девојки, целосно голи, нелегално снимале порно филм во центарот на градот.

Како што се наведува, тие „се галеле на плоштадот пред присутните деца и шокираните туристи, кои се шетале низ центарот“, а целата непријатна сцена се случила на плочникот пред палатата Сан Телмо.

Тие на плоштадот дошле во кочија, а откако завршиле со својот ритуал пред палатата, влегле во кочијата и таму продолжиле со својата „работа“. Исто така, со нив имало и камермани, а целата ситуација ја снимале и случајните минувачи.

Полицијата за овој инцидент дознала кога на социјалните мрежи биле објавени снимките, после што започна истрага.