Спорт

Полицијата ја затвори „Арената“ во Загреб поради безбедносни причини!


На неколку часа пред почетокот на натпреварите од групата Ц, хрватската полиција ја затвори „Арена“ поради вонредни безбедносни мерки.

Утрово специјални единици за антитероризам го проверуваа секој дел од арената пред почетокот на натпреварите, па не им беше дозволен влез ни на акредитираните новинари.

Во „Арената“ најпво во 17:00 часот ќе играат репрезентациите на Црна Гора и Германија, а во 19:30 часот ќе се игра натпреварот Македонија – Словенија.

Организаторот не остава ништо на случајот, па направи вонредна проверка бидејќи се очекува салата да биде полна за денешните натпревари.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top