Полицијата во Бордо заплени еден тон колумбиски кокаин


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Француската полиција заплени над еден тон кокаин, кој е пренесен со авион од Колумбија, изјави обвинител од градот Бордо.

Вредноста на дрогата се проценува на околу 100 милиони евра. Таа е откриена во еден магацин во францускиот град Бајон.

Уапсени се десет лица од Колумбија, Франција, Шпанија и Холандија, под сомнение дека се вмешани во внесувањето на кокаинот во Франција.