Покрај Чавков, за крвавиот четврток уапсени и Мукоски, Владо Јовановски и други


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

Чавков е уапсен по отворена истрага против него за насилствата од 27 април во Собранието.

За време на крвавиот четврток Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите за Заедничка Македонија.

Прстот на вина и одговорност во него го впери и тогашниот министер Агим Нухиу, кој рече дека Чавков не му се јавува на телефон, во критичните моменти.

Чавков досега не беше повикан на распит во Обвинителството за организиран криминал, туку во утринските часови беше затекнат и уапсен од полициските екипи.

Покрај Mитко Чавков кој утрово беше уапсен, приведени се уште 15 -тина, меѓу кои пратеници и граѓани кои се најдоа на 27 април во Собранието.

Помеѓу нив се и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски, поранешниот директор на ФЗОМ Саше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и други.

Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.