Погледнете како Прилеп го слави празникот Св. Никола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Градот под марковите кули денеска по 11-ти пат го слави празникот на градот „Св. Никола“.Во црквата „Свето Благовештение“ се одржа празнична литургија, а потоа со литија сите се упатија во центарот на градот пред параклисот на светецот „Св. Никола“ , каде што се одржа централното чествување.

На булеварот „Гоце Делчев“, традиционално, беше поставена посната трпеза за сите прилепчани и посетители на празникот. Годинашниот домаќин, конфекцијата „Васидора“, ги направи сите подготовки кои вклучуваа приготвување на 65.000 посни сарми.

Според Јоргос Василопулос, сопственик на „Васидора“, пет здруженија на жени ги подготвија сармите за кои беа набавени 1.200 килограми зелка, 80 килограми ориз, 40 килограми црвен пипер, 300 литри масло за готвење. А за посната трпеза и за сите гости кои беа во центарот на Прилеп се набавени 200 килограми грав, 350 килограми риби, 100 килограми маслинки, 100 килограми овошје, 2000 литри бело и црвено вино, 100 литри ракија. По повод празникот Свети Никола во домот на културата „Марко Цепенков“ беше отворена традиционалната изложба на икони посветени на Свети Никола.