Историја

Погледнете каде се произведувало најстарото вино на светот

најстарото вино

Најстарото вино на светот се произведувало во Грузија, и се смета дека се произведувало пред 8.000 години.

Истражувачите изјавуваат дека во парчиња од стари грниња пронашле остатоци од вино. Грнчаријата била произведена и стара околу 8.000 години, што воедно е и најран доказ за правење на овој пијалок. На грнчињата од неолитот може да се види и украс во облик на грозје и маж како игра.

Грнчињата со остатоци од винска мешанива се пронајдени на две локации јужно од Тбилиси, истакнува ББС.

Претходниот најран доказ за правење вино беше пронајден на грнчарија која датира од пред 7.000 години, а пронајдени се во Иран.

„Веруваме дека ова е најстариот пример за производство на вино од диво грозје“, изјави еден од авторите на студијата Степан Батиак, кој е истражувач од универзитетот во Торонто.

„Виното е користено како лек, супстанција која го менува умот, и се користела за верски обреди на Блискиот Исток во тоа време“, рече Батиак.

Грнчаријата е пронајдена во две села, од времето на неолитот на околку 50 километри јужно од Тбилиси, Грузија.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top