Видео

Погледнете ја реакцијата на Илон Маск при лансирањето на најснажната ракета на светот


„Нешнл Џиографик“ објави снимка во која е забележана реакцијата на Илон Маск, основнач на компанијата SpaceX, за време на лансирањето на Falcon Heavy.

Потсетуваме дека најголемата ракета на компанијата успешно е лансирана од Кенеди Спејс Центарот, на 6 февруари во Флорида. Се работи за најснажната ракета на светот и претставува најголем пресврт во приватниот сектор за вселенски патувања.

Сето тоа го пратеше и Илон Маск, познат како директор на компанијата Тесла, и основач на компанијата која ја градеше ракетата – SpaceX. Неговите реакции за време на лансирањето може да се опишат како реакции на тинејџер кој го остварил својот сон.

Нормално, Маск тука нема да застане затоа што Falcon Heavy има за цел да учествува во многу мисии, вклучувајќи ги и мисиите за патување на Марс.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top