Погледнете го спотот од Рита Ора и Авици за песната Lonely Together


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Авици и Рита Ора собраа огромен број симпатии кај публиката со нивниот нов заеднички спот за песната Lonely Together.

Новата песна од овој успешен тандем бележи голема слушаност на сите интернет музички платформи.

„Замислете како би изгледал еден ваш ден во смрзнат свет. Што би правеле кога би можеле да ги смрзнете сите останати луѓе? За мене беше голема чест што можев да создадам таков свет за Авици и Рита Ора“, изјави режисерот на видеото, Леван Цикуришвили.

Дуото ја објави песната на почетокот од август оваа година. Според мислењето на публиката, песната е посебна, а Рита во неа повторно покажа завидни вокални способности.

Светски популарниот диџеј и продуцент Авици со оваа песна се врати на сцената после долга пауза поради здравствени проблеми. Покрај соработката со Рита, на новиот албум Авици соработуваше и со Били Рафул, Сандра Каваз и други.