Погледнете го лансирањето на рускиот убиец на носачи на авиони (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Подморницата во составот на руската Тихоокеанска флота го реализира гаѓањето од подводна состојба. Метата се наоѓаше на камчатскиот полигон Кура и беше успешно неутрализирана, соопшти прес-службата на флотата.

Атомската подморница К-150 „Томск“ е дел од проектот „Антеј“ и е наменета во прв ред за лов на групи предводени од носачи на авиони. Подморниците од овој тип носат најголем број на суперсонични ракети „Гранит“ – по 24.

Седумтонските ракети летаат со брзина поголема 2,5 пати од звукот, по комбинирана траекторија: или многу високо, или над водата, или и на двата начина. Целта ракетата ја погодува со пробојна боева глава тешка 750 килограми или нуклеарна, со моќност од 500 килотони.

Карактеристика на ракетите „Гранит“ е во тоа што тие можат да напаѓаат во јато: до целта одат во група, ниско над вода. Една ракета лета високо, ги координира дејствата на целата група и го одвлекува вниманието на ПВО. Ако биде соборена, местото на водач го зазема друга. Откако ќе стигнат до групата предводена од носач на авиони, ракетите го вклучуваат самонаведувањето, за миг ги определуваат целите и ги напаѓаат од разни страни, пренесува Руска реч.