Поглед од бајките: Кревет со глетка на поларната светлина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во арктичкото одморалиште Каксклаутане ќе доживеете единствено и незаборавно искуство доколку го посетите во време на сезоната на поларна светлина, и тоа  со поглед од креветот токму на неа.

8-11-snow-hotel-borealis1

Ова арктичко одморалиште во неговата понуда нуди стаклени иглоа, од кои ноќе се нуди незаборавен поглед на поларната светлина. Во понудата постојат два вида иглоа. Кело стаклени иглоа е малку поголем и може да прими четири лица, а освен спална соба во стаклениот дел има и приватна сауна, камин и кујна.

Нешто „пообичниот“ стаклен игло за две лица, соддржи само спална соба со незаборавен поглед и тоалет. Сауната и бањата се во друга зграда. За ова незаборавно искуство најниската цена за ноќевање е 455 долари.

Night sky with stars and the Northern Lights (Aurora Borealis) above an artifical glass igloo, winter - photographed: March 12, 2013

Овие иглоа се изнајмуваат цело време на траење на сезоната на поларна светлина, што значи од 20 август до крајот на април.

Ова одморалиште е сместено на 250 километри северно од арктичкиот круг, во финскиот Лапланд. Од 1973 година во него се организираат туристички тури и се нуди сместување во специјализирани апартмани.

8-11-snow-hotel-borealis4

Кај нив е можно да се замине и на лов на поларната светлина, возење со санки, сафари со ирваси, рибарење на мраз, а во близина е и имотот на Дедо Мраз.

8-11-snow-hotel-borealis5