Поднесена интерпелација за министерката Мила Царовска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието, поднесоа интерпелација  за министерката за труд и социјала Мила Царовска, поради стратегија за мигранти и бегалци, пренесува Нова ТВ.

Пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев изјави дека Царовска не ги консултирала граѓаните и дека тие не се запознаени со стратегијата, а ниту се конслултирани општините, туку се ставени пред свршен чин.

Станува збор за стратешки документи за иднината на Македонија, за проекти што ќе значат енормни трошоци во милијарди евра во наредните десет години, во делот на сместување и градење згради и населби за мигрантите, онака како што е напишано во нивната стартегија. Тоа ќе значи енормни трошоци во делот на вработување, социјални програми, средства што Макеоднија ги нема и ресурси кои се ограничени, изјави Влатко Ѓорчев.

Вчера Министерството за труд и социјална политика како лажна ја оцени веста дека државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе останувале во Македонија и  ги осудија дезинформациите и наменското ширење страв и ксенофобија кај граѓаните.

Во Република Македонија нема да се градат кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока. Секоја информација во поинаква насока е лага, неточна и невистинита – пишува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството известуваат дека ,,Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027’’ е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година,  донесена од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ. Документот нема никакво обврзувачко дејство и тие кои во минатото ја потпишале оваа стратегија го знаат овој факт.