Поддршка од 9.000 евра приход за шкотските студенти за време на студиите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Студентите од Шкотска веќе уживаат поголема предност за разлика од другите студенти во Велика Британија бидејќи не плаќаат школарина – вели извештајот за тамошниот образовен систем.

Зголемената поддршка треба да биде дадена преку мешавина од заеми според истражувачите – кои исто така побараа финансиската поддршка да биде проширена и на колеџите.

Извештајот препорачува дека на студентите што се квалификувани за студентска поддршка треба да им се овозможи пристап до 4.500 евра стипендија или 4.500 евра заем – кој би требало да се избриши доколку студентите продолжат да студираат на универзитет.

Предлогот е дел од серијата препораки по годинешниот независен преглед за студентска поддршка, нарачана од владата на Шкотска. Според предлозите, студентите на возраст под 25 години ќе ги задржат тековните нивоа на буџетски стипендии, со кредити од околу 565 евра годишно.

Понатамошни препораки вклучуваат создавање нови исплати за учениците, така што тие нема да го изгубат правото на надоместок поради заеми или стипендии, задржувајќи го дискреционото финансирање и давање поголема флексибилност кога се примаат парите.