Почнува светиот рамазански месец – еве ја пораката од поглаварот на ИВЗ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема Х. Сулејман еф. Реџепи упати порака до верниците од исламска вероисповест по повод почетокот на светиот месец Рамазан.

– O верници! Пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас, за да бидете богобојазливи. (Ел Бекаре – 183). Драги и почитувани верници, Месецот Рамазан е посебен месец, месец што Алах џ.ш. го издвоил. Го издвоил и го обележал со многу свети и важни случувања, со збиднувања што овозможиле човештвото да биде просветлено, да го доживее вистинскиот мир и благосостојбата, да ја почувствува среќата, да ја постигне милоста и задоволството на нашиот Творец. Без сомнение, тоа задоволство ќе биде достигнато кога пред Семоќниот Алах ќе бидеме искрени во однос на неговите заповеди, сакани и добри во однос кон неговите суштества, хумани кон сиромашните и немоќните, кон несреќните деца што растат без родители. Со сета душа го молам Алах џ.ш. овој месец да го дочекаме духовно што по подготвени , исполнети со верба и со воља за извршување на нашите ибадети и верски должности. Нека ви е среќен и бериќетен светиот месец Рамазан, да ви биде исполнет секој ден со среќа, со пост и ибадети, убавините и задоволството на Рамазан нека ве следат низ целиот ваш живот, вели Реџепи во пораката по повод почетокот на светиот месец Рамазан.