Почина Трајче Крстески, авторот на романот по кој беше снимена серијата „Опстанок“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трајче Крстески, роден во 1950 година во Прилеп, бешe македонски раскажувач, романсиер, драмски писател, поет, новинар, уредник и издавач. Го напиша краткиот роман „Светлина зад ридот“ според кој беше снимена популарната серија за деца „Опстанок“, со која пораснаа многу генерации.

Основно и средно образование завршува во родниот град. Студира книжевност на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје . Работел како новинар во Радио Скопје. Од 1970 година е уредник во списанието за литература и општествени прашања „Стремеж” (Прилеп), а сега работи како уредник во издавачката дејност на тоа списание.

18-12-trajce

Иако своите први литературни остварувања (раскази) почнал да ги објавува уште во 1967 година, Крстески ѝ припаѓа на тнр. четврта генерација повоени македонски писатели кои на литературната сцена се афирмираа во текот на седумдесеттите години на XX век. Како раскажувач и романсиер тој е типичен претставник на својата генерација, исцело свртена кон пронаоѓање нови, антитрадиционални модели на прозниот дискурс. Внесувајќи одредена доза на (само)иронија и сарказам во просторите на текот на свеста, користејќи екстремно рационализирани дијалози во сосема нерационалните околности на неговите сложени, понекогаш и кафкијански заплеткани и непроодни фабули, тој создаде препознатлив тип на нова проза во рамките на македонската рана постмодерна (Васе Манчев, Митко Маџунков, Алдо Климан, Зоран Ковачевски), по која следуваше тнр. петти круг (Венко Андоновски, Драги Михајловски, Александар Прокопиев, Јадранка Владова, Димитрие Дурацовски, Ким Мехмети и др.).

Негови раскази застапени се во повеќе антологии на современата македонска проза и се преведени на повеќе светски јазици.