Почина легендата Хју Хефнер, могулот кој го создаде култот наречен „Плејбој“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хју Хефнер, основачот на култното списание за мажи „Плејбој“, почина на 91-годишна возраст, пренесува ВВС. Во соопштението испратено од неговата компанија велат дека Хенфер починал од природна смрт.

Во 1953 година Хефнер започна со издавање на списание специјализирано само за мажи, а неговото работно место беше неговата куќа. Првиот број остана познат и запамтен по тоа што на насловна страна беше разголената икона Мерилин Монро, а се продаваше по цена од 50 центи. Беше објавен без датум на објавување, во случај да нема второ издание од списанието.

Првото издание се распродаде за неколку недели, а со тоа започна и растењето на култот наречен „Плејбој“, кој ќе стане најпознато и најпродавано списание за мажи во светски рамки.

Хефнер тврдеше дека во својот живот имал секс со над илјада жени. Роден е во Чикаго, а кариерата ја започна како новинар во Esquire. Беше главен креативен директор на Playboy Enterprises.