Актуелно

И по второто гласање парламентот на Албанија не одбра претседател на државата


Албанскиот Парламент денеска не избра нов претседател на државата, бидејќи ниту еден кандидат не беше номиниран ниту во вториот круг на гласањето.

Истата ситуација се случи и завчера во првиот круг на гласањето.

Владејачката коалиција одби да именува нејзин кандидат за претседател со цел да покаже добра волја кон опозицијата.

Претседателските кандидати во Албанија ги предлага група од најмалку 20 пратеници, а улогата на претседателот е главно церемонијална.

Албанскиот Парламент, што брои 140 пратеници избира претседател во пет кругови на гласање.

Во првите три кругови, за да стане претседател, кандидатот мора да освои поддршка од најмалку три петини од гласовите, односно гласовите на 84 пратеници.

Опозицијата го бојкотира албанскиот Парламент од февруари и сака да биде формирана преодна влада што ќе ја води земјата до парламентарните избори на 18 јуни, бидејќи оценува дека сегашната Влада манипулира со гласањето.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!