По трет пат одложен судскиот процес за грабежот во НЛБ Тутунска банка


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Судскиот процес за грабежот од сефот на НЛБ Тутунска банка, кој требаше да стартува денеска во Основниот суд Скопје 1, повторно е одложен. Ова е трето одложување, а овојпат причина e болест на обвинителот.

Минатото рочиште на 21 септември беше одложено по барање на одбраната, а првото закажано рочиште кое требаше да се одржи на 31 август, беше одложено поради тоа што Истражниот затвор во Шутка немаше услови да спроведе тројца од обвинетите, а рочиштето пред него се одложи поради отсуство на обвинет.

Основното јавно обвинителство Скопје во јули поднесе обвинение против осум лица за грабежот на НЛБ Тутунска банка.Против првообвинетиот е поднесено обвинение за кривичното дело затајување кое според обвинителството било сторено во низа, односно неколку пати и за кривичното дело тешка кражба. Освен главниот осомничен со обвинението се опфатени уште седум лица. Истрагата, велат од Обвинителството утврдила дека од банката недостасуваат вкупно 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра.

За парите украдени во грабежот на НЛБ Тутунска банка од полицијата официјално ни беше соопштено дека податоците околку тоа дали МВР има трага на украдените пари и дали знае каде се тие, се тајна.

За кривичното дело тешка кражба од член 236 став 3, што се однесува на предмети во вредност од големи размери, пропишана е затворска казна од 3 месеци до 10 години. За кривичното дело од член 239 став 5 затајување, законикот пропишува затворска казна од една до 10 години.