По трагедијата во Флорида Дејна Леш е најомразената личност во САД


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Портпаролката на НРА, Дејна Леш изјави дека организацијата нема да поддржува какви било забрани за носење оружје. 

Бројот на луѓето кои бараат поголема регулација и забрани на оружјето во САД се зголеми по масакрот во училиштето во Флорида каде што загинаа 17 лица. Леш смета дека грешките на локалната власт и недостатокот на полициска акција е тоа што доведе до несреќата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави построга контрола на купувачите на оружје и кажа дека ќе преземе чекори за оневозможување на техничките додатоци за зголемување на бројот на истрели кои пушката може да ги направи во една минута. Тој исто така повика и наставниците во школите да бидат вооружени, за да може да се одбранат од можните напаѓачи.

„Доколку училиштата, родителите и наставниците доброволно изберат да бидат вооружени, мислам дека тоа треба да го прават сами“ изјави Дејна Леш од НРА.

Таа го привлече вниманието на јавноста по пукањето во Флорида, откако на CPAC ги обвини медиумите дека го користат убиството на учениците за зголемување на популарноста.

„Медиумите сакаат пукотници. Не кажувам дека сакаат трагети, но го сакаат плачот на ожалостените мајки, бидејќи тоа им го зголемува тиражот“ вели таа.

Дејна се појави и на форумот во организација на Си-Ен-Ен, каде што пред родителите на настраданите го бранеше ставот на НРА дека оружјето не убива, туку луѓето кои носат оружје убиваат. Таа рече дека НРА не е виновна за пукањето во школата и нема зошто тие да преземат одговорност.

Таа беше вербално нападната на форумот, а бината мораше да ја напушти со придружба. Од публиката се слушаше дека треба да биде запалена, а додека говореше група луѓе тргнаа кон бината за да ја нападнат. Дејна Леш е 39-годишна, поранешна ТВ и радио водителка, а позната е како љубител на оружјето. Студирала новинарства на Универзитетот Вебстер, но го напуштила факултетот откако останала трудна.

Нејзините деца се школувани дома, а во 2012 година ја освои наградата за точност во медиумите. Во 2013 година беше домаќин на конференцијата на Конзервативната политичка акција (CPAC).

На претседателските избори во 2016 година, Дејна го поддржа републиканскиот кандидат Тед Круз.