По стапките на Тесла: Волво камионот на струја од 2019 година ќе го има на пазарот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Компанијата Волво камиони ќе почне со продажба на електрични теретни возила во Европа веќе следната година, а во 2020 година камионите на струја од овој производител ќе се појават и на северноамериканскиот пазар.

Шведскиот производител на камиони смета дека воведувањето на теретни возила со погон на струја значајно ќе го подигне квалитетот на животот во урбаните средини, бијдеќи ќе се намали бучавата и загадувањето на воздухот.

Компанијата Волво камиони исто така тврди дека превозот на струја е решение за иднината.

„Употребата на ова транспортно средство ќе може да се користи и во местата каде што шлеперите се забранети поради бучава и загадување, а со оваа метода ќе се користат и во периодот од денот кога нема сообраќајни метежи, касно навечер или за време на ноќта, а со тоа ќе се растерети патот и сообраќајната гужва“ објаснува Нилсон.