Актуелно

По скратена постапка ќе се прават промени во Законот за референдум


Законски измени по скратена постапка со кои ќе се менува Законот за референдум и други форми на изјаснување на граѓаните се подготвуваат во Министерството за правда.

Како што образложуваат од Министерството за правда во најавената подготовка на законските измени, постојниот текст на Законот е неусогласен со текстот на Изборниот законик и со текстот на Законот за судовите. Основната цел на законските измени е надминување на постојните проблеми поради неусогласеноста на законското решение со Изборниот законик и со Законот за судовите.

Со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се уредуваат начинот и постапката за решавање и спроведување на референдум, покренување на граѓанска иницијатива, свикување и одржување на собир на граѓани, како и други прашања од значење за непосредно изјаснување на граѓаните.

Референдумот е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето за одделни прашања од надлежност на Собранието на Република Македонија, за прашања од надлежност на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, како и за други прашања од локално значење.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top