По примерот на навивачите: И играчите од Хајдук со Торцида помагаат во гасењето пожар кај Сплит


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стравичниот пожар окј го зафати сплитскиот регион во текот на ноќта практични стигна до самиот Сплит, па ги обедини и граѓаните од цела хрватска. Навивачите групи под водство на Торцида се организираа и заедно тргнаа да им помогнат на пожарникарите во гасењето на пожарот, а им се приклучија и играчите од Хајдук.

Пожарот стигна до самото предградие на Сплит, а пожарникарите со натчовечки напори и сили се трудеа да ги заштитат куќите од огнената стихија. На помош им се придружија и граѓаните и туристите, а им се придружија и навивачките групи Торцида, Бед Блу Бојс, Ултрас и други.

На опожарените места каде што беснееше огнот во најкритичните моменти пристигнаа и фудбалерите на Хајдук – Тома Башиќ, Јерко Шераповиќ, Иван Пртаин, Звонимир Милиќ и други.