Култура

По 43-ти пат ќе се одржи фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“


Од 7 до 9 јули по 43-ти пат во Прилеп и Долнени ќе се одржи фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“. На фестивалот ќе учествуваат над 350 учесници од земјава и странство.

Предвидено е од 5-ти до 7-јули да се одржи семинар и работилница на која ќе се изучуваат изворни инструменти и песни под менторство на тројца еминентни предавачи.

Фестивалот официјално ќе биде отворен на 7 јули во 21 часот со изведба на сценско – мизучки перформанс насловен како „Традицијата оживува“ кој ќе се одржи на камената бина во центарот на Прилеп.

Во 18.30 часот на 8 јули, кога ќе биде и првиот официјален натпреварувачки ден, свечено ќе биде отворен и новиот амфитеатар во месноста „Рудина“ во Општина Долнени. Вториот официјален натпреварувачки ден ќе биде на 9 јули кога и ќе бидат врачени наградите за најдобрите.

За прв пат фестивалот е одржан во 1974 година по иницијатива на Пеце Атанасовски, етномузикологот Илија Лашкоски и други ентузијасти. За овие 42 години на него учество земале над 10.000 инструменталисти од Македонија и странство.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top