Научна реалност

По 40 години, Русите се враќаат ТАМУ


Изминаа цели 4 децени од последната мисија во која руската вселенска програма испрати свое летало на Месечината.

Институтот за вселенски истражувања на руската академија за науки соопшти дека идната година ќе ја лансираат сондата Луна 25, во рамки на руската мисија на Месечината.

Лансирањето на сондата Луна 25 ќе биде прво по 40 години пауза од лансирањето на руски летала на Месечината.

Целта на мисијата, закажана за почетокот на 2019 година е проучување на хемискиот состав на поларните подрачја на Месечината.

Според руските научници, нив најмногу ги интересираат нестабилните супстанции од вселенско потекло, вклучувајќи го и водениот мраз. Сондата Луна 25 притоа ќе ги истражува и процесите на поларната егзосфера на Месечината.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top