Планирате брак? Оваа последица сигурно нема да ви се допадне

брак

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Паровите кои започнуваат заеднички живот во вонбрачна или брачна заедница често добиваат на тежина, покажа последното истражување на британските научници.

Студиите кои ги спорведоа научниците од универзитетот во Глазгов, покажа дека во првата година од заедничкиот живот, младите брачни парови просечно добиваат по два килограми.

Нутрицинистот кое го водеше ова истражување, Кетрин Хенкеј, изјави дека веднаш штом луѓето ќе започнат живот во заедничка средина, почнуваат со нови навики како што се заеднички ручек или вечера.

„Исто така, постануваат помалку активни. Престануваат да водат грижа за својата телесна тежина, а сето тоа може да влијае и на врската“ – вели Кетрин.

Другите истражувања покажале дека младите луѓе често добиваат на тежина после заминувањето на студии, а спортивно на тоа делува разводот, односно луѓето после разводот најчесто губат на килограми.

Одвоеното американско истражување покажало дека младите луѓе во текот на првата и втората година од студирањето, добиваат помеѓу 1.5 килограми и 3.5 килограми, а тоа научиниците го поврзуваат со консумирањето на брза храна, премногу поминато време пред компјутер и зголемена употреба на алкохол.