Плаќаат, не прашуваат: Сите лудуваат по Urus – „теренецот“ на Lamborghini


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Lamborghini Urus е еден од најнеобичните модели на теренско возило, а посакуван и баран е на сите четири страни од светот.

Овој SUV модел неодамна стигна на широкиот пазар, а веќе е баран насекаде – од Америка, преку Европа, до Русија и Индија. Притоа, не се прашува за цена, па така, просечен купувач на Urus ќе „списка“ 40.000 долари на дополнителна опрема за својот „миленик“, открива првиот човек на Lamborghini, Стефано Доменикали за CNBC.

Она најважното е дека 70 насто од купувачите на Urus прв пат купуваат Lamborghini токму со купувањето на овој модел. А неочекувано голем процент од купувачите се жени. „Очекувавме позитивни повратни реакции од нашите клиенти, но не во толкава мера колку што навистина добивме. Реакцијата на клиентите е навистина фантастична“, изјави Доменикали.

Оваа година Lamborghini планира да ја заврши со околу 5.000 произведени автомобили, од кои барем 1.000 ќе бидат Urus. Но, веќе следната година производството ќе рипне на 8.000 примероци, а потоа ќе се направи проценка на ексклузивноста на марката и брендот.

За потсетување, минатата година Lamborghini ја заврши со 3.815 произведени возила, 10 насто повеќе од претходната година.