Пирло повторно ќе игра за Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот италијански шампион Јувентус, од лето ќе добие ново засилување со славно презиме.

Имено, синот на легендарниот Андреа Пирло, Николо почна да тренира со младинскиот тим на „бјанконерите“, а од лето и официјално ќе стане член на Јувентус.

Николо има 15 години, а италијанските медиуми пренесуваат дека на лето ќе потпише договор со тимот до 16 години и ќе продолжи по стапките на својот татко. Роден е 2003 година, игра во средниот ред, а медиумите тврдат дека е многу талентиран.

„Потсетува на мене, технички е одличен, потребна му е борбеност. Се забавува додека игра, го сака фудбалот, а тоа сега е најважно“, изјави Пирло.

Пирло неодамна ја заврши фудбалската кариера, но би тебало да се врати во Јувентус наскоро и тоа како амбасадор на клубот.