Живот

Пиењето врел чај го зголемува ризикот за настанување на рак


Нова студија покажа дека пиењето на врел чај може да го зголеми ризикот од рак на хранопроводикот.

Неколку претходни изтражувања покажаа дека зелениот чај, поради високите количини на катехоламин, кој е јак антиоксиданс, го смалува ризикот за настанување на повеќе видови на рак како на пример на рак на простата, на дебело црево и на дојка.

Студијата покажала дека пиењето на врел чај може да го зголеми ризикот за рак на хранопроводник. Научниците од Кина утврдиле дека оние лица кој редовно пијат многу врел чај, веднаш откога ќе го турат во шоља, имаат 2-3 пати поголем ризик за настанување на рак на хранопровод од оние кои не пијат чај или кои пијат оладен чај. Затоа, кинескиот научен тим советува да се почека барем неколку минути чајот да се олади, пред да почне да се пие.

Се уште не е јасно како врелиот чај може да го поттикне развојот на ракот на хранопроводникот. Една од претпоставките е да честото пиење на врела течност ги оштетува клетките на слузницата на грлото и на хранопроводникот.

Некои други поранешни студии покажале дека врелата течност, вклучувајќи го тука чајот, кафето, и супата, може да го зголеми ризикот за рак на хранопроводникот и на желудникот. Сепак,  научници потенцираат дека зелениот чај е исклучително здрав напиток и ако се пие на умерена температура може да го намали ризикот за развој на некои видови на рак.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top