Пи Диди ги клоцна Кајли и Кендал – на Твитер „му прават споменик“ за овој шамар на кичот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако со години не се појавил на ваков настан, Пи Диди на Мет Гала во Њујорк се врати во јавноста со голем стил.

Веќе по малку подзаборавената музичка ѕвезда даде сè од себе за да го привлече вниманието на овој престижен и елитистички шоубизнис настан. Она што започна на скалилата, брутално заврши со објавување на социјалните мрежи.

Кога Кајли Џенер објави заедничка фотографија на својот Инстаграм профил, раперот ја сподели, но со мала корекција на истата.

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Тој ги „им удри клоца на сестрите Џенер“ од фотографијата, отсекувајќи ги Кајли и Кендал, и така ја објави на својот профил.

A post shared by DIDDY (@diddy) on

Твитерџиите беа воодушевени од овој потег и иницираа нов тренд кој го нарекоа Diddy Crop.

„Сите можеме да научиме нешто од Пи Диди“, „Кога не сакаш со било кој да бидеш на фотките“, „Кога ја видел оригиналната фотка заклучил дека тие мора да си одат“, „Принс би бил горд“, „Диди Кроп ме врати во живот“ и „Да го исфрлеме негативното од животот“ беа само некои од илјадниците коментари и статуси на Твитер кои беа инспирирани од овој негов потег.