Петти ден изборна кампања: ДПМНЕ во Гевгелија, СДСМ во Кочани, МОСТ со прв монторинг извештај


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На петтиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори, Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Валандово и Гевгелија.

Предизборниот караван на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ денеска ќе ги посети Виница и Кочани.

Демократската партија на Албанците ќе одржи митинг во село Отља во општина Липково, а Алијансата за Албанците изборната програма ќе ја претстави во Чаир и Студеничани.

Носителите на кандидатските листи во изборните единици 1 и 4 од Коалицијата ВМРО за Македонија, Ден Дончев и Љубчо Георгиевски, денеска ќе имаат средби со граѓани во Скопје.

Граѓанската асоцијација МОСТ на прес-конференција ќе го презентира првиот извештај од досегашниот тек на набљудување на изборниот процес.