Петок со облачно утро и сончево топол ден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во раните утрински часови значително облачно со слаб локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер, кој во јужните делови повремено ќе се засилува.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 14 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 20 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 10 и дневна до 28 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температура на воздухот, особено сабота. Доста топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне 30 степени.