До петок „ќе се вариме“ во портокалова фаза – еве до што да се придржувате


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Министерството за здравство ги информира граѓаните дека и во следните три дена (од среда до петок) нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова фаза поради што продолжуваат да важат препораките – бремените жени и лицата над 60-годишна возраст да бидат ослободени од работни обврски, а сите други лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

На работодавците им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.

Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено им се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.

Граѓаните од целата држава треба да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна изложеност на сонце, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, земање лесна храна и течности и хигиенски начин на подготовка на храната.

На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да му се јават на својот матичен лекар.

Поради повисоките температури, им се напоменува дека е потребен повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.

Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет-страницата www.toplotnibranovi.mk