Петочна временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. До средината на следната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на сува и многу топла воздушна маса. Ова ќе предизвика период на претежно сончево, многу топло и суво време.

Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Во петок, минималните температури ќе се движат од од 11 до 19 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 35 до 41 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а највисоката днева температура преку денот ќе достигне до 40 степени.