Петочна и викенд временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претпладне сончево со умерена облачност, попладне променливо на повеќе места нестабилно, пороен дожд и грмежи, особено во североисточните делови. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој на западот од земјата ќе се засилува.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 15 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 11 и дневна до 25 степени.

Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Во недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава.

Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава.