Актуелно

Петочна и викенд временска прогноза


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По одделни котлини со појава на магла, особено претпладне.

Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По одделни котлини со појава на магла, особено претпладне. Температурата ќе достигне до 12 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла, особено во претпладневните часови.

Во недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Врнежи од дожд и снег ќе има и во понеделник претпладне, а преку денот ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top