Петочна и викенд прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Македонија денес ќе преовладува претежно облачно и свежо време, на западот и југот со повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди.

Минималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 12 до 19 Целзиусови степени.

Утре се уште на повеќе места ќе има зголемена облачност, но ќе биде суво. Потоа ќе биде посончево и малку потопло преку денот, но со пониски утрински температури.

Нов влажен бран се очекува од средината на наредната работна седмица.